Хронологија на 2013-та на Твитер

На Твитер 2013-та започна со паѓањето на хеликоптер во Лондон, во Германија се расправаа за шовинизам, од Австралија го гледавме отвореното првенство во тенис, а Обама чекаше на втората инаугурација.

Во февруари Лондон и Њујорк имаа модна недела, Италија одржуваше избори а беа доделени и 85-те Оскари.

 

Со 130.000 твитови во минута во март светот го исчекуваше новиот Папа. Истиот месец Јапонците на светот му го подарија мемето Makankosappo.

 

Над 27 милиони твитови беа испратени на тема бомбашкиот напад на маратонот во Бостон. Во април почина и поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, а Џејсон Колинс стана првиот активен НБА играч кој објави дека е хомосексуалец.

 

Мај беше во знакот на твитови за Лигата на шампиони во која се одигра првото германско финале меѓу Баерн и Борусија, во меѓувреме фановите на Манчестер Јунајтед се збогуваа со Алекс Фергусон, а некој гледаше и Евровизија.

 

Финалето во НБА, протестите во Бразил, поплавите во Северна Индија, Стенли купот и една изгубена (па потоа најдена) црвена панда беа настаните во јуни.

 

Јулскиот тајмлајн на Твитер се полнеше со твитови на тема Вимбалдон, кралското бебе, ракетните компоненти откриени во Панамскиот канал на брод кој патува кон Северна Кореја, одушевеноста околу Шакрнадо, францускиот министер кој беше отпуштен преку Твитер и летот Азијана 214.

 

Во август Јапонците кои го гледаа Castle in the Sky поставија рекорд за најголем број твитови во секунда. 5700 твита во 1 секунда. Истиот месец се случи и MTV VMA, и настапот на Мајли.

 

Изборите во Австралија, изборите во Германија, честитките за Токио за добивањето на Олимпијадата 2020-та, вадењето на Коста Конкордија и појавувањето на бразилската претседателска Дилма на Твитер беа темите на месец септември.

 

Октомври започна со затворањето на владата на САД, откако Нобеловиот комитет не можеше да го контактира добитникот на Нобеловата награда за мир, тие преку Твитер ги информираа OCPW за наградата.

 

Сан Франциско на еден ден се претвори во Готам, Французите наспроти сите шанси се пласираа на Мундијалот во Бразил, а од сериозните случувања во ноември се твиташе за преговорите со Иран околу нуклеарната програма и тајфунот што ги погоди Филипините.

 

До сега, во декември главни настани на Твитер се извлекувањето за Мундијалот во Бразил, Сочи 2014-та и смртта на Мандела.

13 декември 2013 - 10:48