Фејсбук ќе изумре во 2017-та

Масовната бежанија од Фејсбук ќе започне следната година а до 2017-та, најпопуларната социјална мрежа на светот ќе изгуби 80 проценти од корисниците, покажува епидемиолошка студија од Универзитетот Принстон.

Интересна е методологијата со која се дошло до ваквите заклучоци. Користен е истиот модел по кој се проценуваат растења и падови на епидемии.

Очигледно, светот го преживува врвот на грозницата наречена Фејсбук по што научниците од Принстон очекуваат бројот на заболени драматично да опадне. 

Како дијагностичка алатка за предвидување на судбината на Фејсбук бил користен Google Trends кој досега се покажа многу ефикасен во предвидување на ширењето на грип. По ова, својот врв ФБ го има достигнато во декември 2012-та.

"Исто како болестите, и идеите се шират заразно меѓу луѓето пред околината да биде зрела тие да одумрат, односно луѓето да станат имуни на неа", објаснуваат истражувачите од Принстон.

Лани во октомври, Фејсбук пријави 1,2 милијарди активни корисници.

Целата студија - тука

23 јануари 2014 - 09:05