Британската влада, поточно Канцеларијата за фер тргување изрази загриженост дека се потребни правила кои би ја спречиле Кинг да ги експлоатира младите корисници. Според владата најголемиот дел од парите го прават деца кои на телефонот или таблетот на нивните родители ја играат игрицата и при тоа трошат пари на купување додатоци за играта (екстра живот, повеќе време и сл.).
Од друга страна од Кинг објаснуваат дека 90% од нивната публика се играчи на возраст над 21 година.
Инаку, најголемиот дел од работите кои се купуваат во играта чинат помалку од 1 долар, што е и една од причините зошто играчите толку лесно се прелажуваат да платат за да си помогнат.
Според Кинг најголеми потрошувачи се жените на возраст од 25 до 55 години. Мажите сочинуваат околу 40% од публиката на Кенди Краш.