Додека некои ја вежбаат совршената поза во која треба непогрешиво добро да изгледаат на сликите за Фејсбук, Индијците решија да одат под скалпел заради ФБ.
Првиот човек на компанијата призна дека сами се виновни за константниот пад (и отпуштањето на 520 вработени) бидејќи не успеале со време да се префрлат на мобилни уреди. Не сите се согласуваат околу тоа што е неуспехот на фармерите.
10-те најгледани реклами од годинава се прегледани околу 250 милиони пати, ама математиката на топ листата за нивната виралност вклучува и колку пати се споделени низ најразличните социјални медиуми.
Не само што веќе не се толку ентузијастички настроени, туку на тинејџерите Фејсбук веќе не им ниту мерак, а главни причини за ова се: многу стари луѓе, многу драма и многу неважни детали на Фејсбук.
Интернет расцепкан врз основа на геополитичка поделба, која би можела да има директни политички и физички последици, е она што Ерик Шмит подразбира под "балканизација."
Она што Јаху го добива со купувањето на Тамблр е пристап до одамна посакуваната млада публика и одлична позиција во мобилниот интернет. Исто така добива и еден куп порно.
Компанијата која лани имаше скромни приходи од нецели 15 милиолни долари, ќе биде купена од остарениот гигант за фрапантни 1,1 милијарда долари, во првиот голем обид на Мариса Мајер да го направи Јаху повторно секси.
Освен ако последниве денови не сте биле присилно врзани во подрум, нема шанси да сте ја промашиле видео приказната за вонсериски шармантната двојка која пее караоке на една безниска пумпа. Спремни сте да си ја расипете бајката?
Пред некое време пишувавме за омилениот софтвер на некои влади и државни оператори за следење на интернет комуникациите на граѓаните. Имаме пар детали да додадеме.
Како ретко кога Онион, сајтот за сатира и пародии, со комплетна сериозност детално ја објави процедурата како им беше хакната Твитер сметката. Во основа останува тоа дека вие сте најслабата точка во безбедноста на вашите лозинки.
Судија донесува една од најлегендарните пресуди против една адвокатска компанија од Чикаго која тврди дека се бори против пиратеријата, а во основа изнудува милиони долари од луѓе кои гледале порно видеа.
Во исто време и двете компании сакаа да го купат Инстаграм. Фејсбук даваше 1 милијарда, Твитер 520 милиони. Крајниот исход (иако така изгледа) нема никаква врска со парите.
Од 25 влади пријавени пред два месеци дека го имаат активирано софтверот за шпионирање на интернет комуникациите, денес бројката е порасната на 36. Погодете кој се поднови со софтверот.
Хакирањето на позната Твитер сметка, како онаа на АП, која агенцијата ја користи за испраќање на најнови вести на некои 2 милиони следбеници, звучи како компликувана работа. Излезе дека не е.
Моментално еден единствен порно сајт месечно има 4,4 милијарди импресии (кликнати страни) што е 3 пати повеќе отколку сообраќајот на СиЕнЕн. Траењето на посетата е посебен пораз.
190 милијарди долари е сумата што Кинезите само лани ја потрошиле на шопинг на интернет, стои во извештајот на кинеската влада. Освен парите, извештајот има и некои други детали за тоа како ги трошеле.
Малку е веројатно дека Северна Кореја ги платила лиценците за Фотошопот што го користи кога сака да го плаши светот, исто како и тоа дека луѓето од режимот само службено го користат пристапот до торенти.
Сервисот за слушање музика, Spotify, одлучи да се рекламира кај еден од своите најголеми конкуренти, ЈуТјуб, каде за почеток ќе купи тејковер банер на насловната страна.
Ако тргнеме од тоа дека копирањето не е кражба, Ватикан може раат да биде околу своите торент навики. Содржината на торентите што ги симнуваат, од друга страна, може да биде спорна.