Тинејџерите со свои зборови - зошто веќе не го можат Фејсбук

Не само што веќе не се толку ентузијастички настроени, туку на тинејџерите Фејсбук веќе не им ниту мерак, а главни причини за ова се: многу стари луѓе, многу драма и многу неважни детали на Фејсбук.

Иако страната се уште е едно од клучните места за социјализација, на тинејџерите им е досадена и заради стресот од постојаната потреба да ја менаџираш сопствената репутација.

Во истражувањето на Пју Центарот, тинејџерите кои имале Твитер или Инстаграм, биле далеку поентузијасти околу овие платформи, каде што се чувствувале ослободени "од социјалните очекувања и ограничувања на Фејсбук."

За дел, можноста на Фејсбук да објавуваш неограничен број на фотографии, видеа и текст, доведува до премногу "драма."

Женско (19 години): "Аха, затоа одиме на Твитер и на Инстаграм (наместо на Фејсбук). Мајка ми го нема тоа."

Женско (15 години): "Ако си на Фејсбук, ќе се изнагледаш драма."

Женско (14 години): "Ок, еве нешто што сакам да кажам. Мислам дека Фејсбук може да биде забавен, ама исто и преполн со драма. На Фејсбук луѓето може да имплицираат работи и да кажуваат работи, дури и со лајк, работи кои не би ги кажале во вистинскиот живот."

Машко (18 години): "Тоа е затоа што (Фејсбук) е место каде што луѓето објавуваат непотребни слики и кажуваат непотребни работи, кажува дека имал девојка, и девојката ќе го тагира него во некој слика и ќе напише, јас и он на сонце се забавуваме. Зошто би направил такво нешто?"

Други се загрижени дека мрежата е речиси копија на нивниот офлајн свет, што повеќе не се чувствуваат "слободни" на страната.

Женско (15 години): "Имам два профила. Еден за моето семејство, еден за моите пријатели."

Женско (16 години): "И сега во основа ги делам работите. Инстаграм претежно е за слики. Твитер е за кажување работи што ги мислиш. Фејсбук е за двете работи комбинирано, па мора дадеш малку од секое. Ама да, објавувам повеќе слики на Инстаграм отколку на Фејсбук, а Твитер е поприроден."

Женско (15 години): "Имам Фејсбук, Тамблр и Твитер. Фејсбук и Твитер не ги користам многу. Попрво ќе го користам Тамблр за да најдам нешто интересно. Го сакам Тамблр бидејќи не морам да преставам специфична или лажна слика од мене и не мора да комуницирам со луѓе со кои не секогаш сакам да зборувам."

Женско (17 години): "Не одам на Фејсбук, Твитер или Инстаграм, повеќе сакам да зборувам со луѓето лице во лице. Веројатно, искрено го мислам ова, сакам да зборувам само со луѓе со кои сум навистина блиска."

Дел од тинејџерите повеќе ги претпочитале функциите на Инстаграм, отколку на Фејсбук, бидејќи бил "помалку социјален."

Женско (14 години): "Го имам мојот Фејсбук профил од 6-то одделение. И бев навистина опседната со него некое време. Потоа во 8 одделение, некако влегов во Твитер, и ако направиш Твитер и Инстаграм, тогаш едноставно забораваш на Фејсбук. Тоа ми се случи и на мене."

Машко (17 години): "Инстаграм е многу побезбеден... и е некако помалку социјален."

Женско (16 години): "Инстаграм е единствениот вид на социјален медиум што го имам, ама тоа веројатно е затоа што сум заинтересиран за фотографирање, и сакам да гледам природа, и тоа се едни од моите омилени работи."

Женско (15 години): "Инстаграм во основа е како да им дозволиш на сите да го видат она што ти го гледаш."

Женско (13 години): "Некои од луѓето што ме следат на Инстаграм, а не ги познавам. едноставно се навистина добри со мене, и секогаш ми кажуваат убави работи."

Женско (13 години): "Се чувствувам како преку Фејсбук луѓето можат да ти кажат што сакаат. Можат и порака да ти пратат. А на Инстаграм можеш лесно да избришеш коментар и не мора повеќе да живееш со тоа. Додека на Фејсбук, ако тие кажат нешто зло, тоа боли уште повеќе. Не знам зошто е така. Исто така Инстаграм не е јавен, па луѓето на него не изгледаат толку зли. Бидејќи се што тие сакаат е луѓето да ги сакаат нивните слики."

22 мај 2013 - 14:42