Во пресуда, беспрекорно преплетена со референци од Ѕвездени патеки, судијата пишува дека Prenda Law (компанијата) "смело ги сондира границите на законот," за што ќе треба да плати 80.000 долари и плус ќе подлежи на истрага од федералните власти за ракетирање.
Судијата објаснил дека компанијата ги имала авторските права за неколку порно видеа, следела како тие се споделувале на интернет и агресивно ги гонела луѓето кои ги симнувале овие филмови, по основа на прекршување на авторските права. Жртвите најчесто се согласувале на спогодба, за да го избегнат евентуалниот срам од започнување на судска постапка по оваа основа.
"Тие ја открија врската меѓу застарените закони за авторски права, парализирачката социјална стигма и високите трошоци за одбрана. И тие ја искористија оваа аномалија обвинувајќи поединци за нелегално симнување на едно порнографско видео.
Потоа тие понудуваат спогодба - на сума која пресметале дека е токму под трошоците за одбраната. За овие поединци, отпорот е залуден; најголемиот дел од нив попрво ќе платат отколку нивното име да биде поврзано со нелегално симнување порно."
Prenda Law на секој обвинет му нудела спогодба на околу 4.000 долари, сума што според судијата е нешто под стандардниот трошок на одбраната.
"Стратегијата која била спроведена низ цела земја, било сериозно успешна заради утврдената висина на отштетата, порнографијата како тема и високите трошоци за парничење. Најголемиот дел од обвинетите одлучувале да се спогодат со нив, што резултирало со приходи од милиони долари заради бројноста на обвинетите."
На крај судијата ги препратил основачите на компанијата на дополнителна истрага од даночната служба (IRS) заради тоа што на заработените пари не платиле никаков данок.
"(во оригинал) Though Plaintiffs boldly probe the outskirts of law, the only enterprise they resemble is RICO [racketeering]. The federal agency eleven decks up is familiar with their prime directive and will gladly refit them for their next voyage. The Court will refer this matter to the United States Attorney for the Central District of California. The will also refer this matter to the Criminal Investigation Division of the Internal Revenue Service and will notify all judges before whom these attorneys have pending cases. "