За целата корист што вашето его ја има од промоцијата на Фејсбук, паѓа вашата мотивација да се покажете во решавање на "когнитивни задачи со умерена тежина."
"Со промоцијата на себе си, Фејсбук профилите можат да направат дополнителните напори за само-докажување да ви изгледаат непотребни. Растот на сопствената вредност и интегритет предизвикани од зголемената експонираност на вашиот Фејсбук профил докажано има негативни последици бидејќи ја намалува вашата мотивација да дадете добри резултати во решавањето на умерено тешки когнитивни задачи."
Пред ова истражување (од Универзитетот во Висконсин - Медисон), научниците од Германија во јануари објавија дека трошењето време на Фејсбук создало чувства на осаменост, мизерија и завист кај 200 од 600-те испитаници. Ова посебно важело кај луѓето кои гледале фотографии од одмор на профилите на своите пријатели.