Целосен приказ на тоа како функционира системот (120 страници) имате во овој пдф документ.
Генерално, постојат два начина граѓански да се реагира на овие тенденции:
а) да се бара од Владата (систематски, упорно, оргнизирано) да се откаже од идејата за пенетрирање во нашата приватност на интернет.
б) да не барате од Владата да ви ја врати приватноста туку сами да си ја вратите.
За првиот начин, топката е кај оние невладини кои се навежбани да цицнат фонд или проект. Мал хендикеп е што изворите на таквите проекти главно се други влади кои го користат истиот софтвер или се слично љубопитни за активностите на своите граѓани.
За втората опција, еве што можете сами да направите за да ја заштите својата приватност:
- Приватност на прелистувачот: HTTPS Everywhere, AdBlock Plus + EasyList, Ghostery, NoScript (FireFox), NotScript (Chrome)
- VPN- и: BTGuard (Canada), ItsHidden (Africa), Ipredator (Sweden), Faceless.me (Cyprus / Netherlands)
- Интернет анонимност: Tor, Tor Browser Bundle, I2P
- Диск енкрипција: TrueCrypt (Windows / OSX / Linux), File Vault (Mac)
- Фајл/имеил енкрипција: GPGTools + GPGMail (Mac), Enigmail (Windows / OSX / Linux)
- Инстант месинџер енкрипција: Pidgin + Pidgin OTR
- Месинџер/воис: Mumble, Jitsi
- Телефон/смс енкрипција: WhisperSystems, Ostel, Spore, Silent Circle (некои се за пари)
- Гугл алтернатива: DuckDuckGo
- P2P протокол: BitCoin
- Live Anonymous/Secure Linux: TAILS Linux
Кога би направиле барем дел од овој туториал, би биле многу пораат.