Ние и кусур од илјадници исто така светски познати сајтови со задоволство ја споделивме виралната приказна од шоуто на Џеј Лено за парот кој најприродно, најшармантно и најспонтано се запејува караоке на бензиска станица, откако на мониторот на пумпата им се појавува водител кој ги води низ нивната случајна точка.
Само на Јутјуб каналот на Лено клипот го прегледале преку 9 милиони луѓе, што преставува една четвртина од сите комбинирани прегледи на клипови од оваа емисија.
Срцките беа обелоденети и со име и со професија. Дечкото се вика Вил и е шанкер а девојката е Монифа и работи како фитнес тренер.
И таман да ја затворевме оваа приказна со верба дека љубовта победува, животот е убав а луѓето прекрасни, познатиот вебсајт Smoking Gun реши да ни ја расипе бајката обелоденувајќи дека и двајцата дечки се - актери.
Да, работат и на шанк и со фитнес но истовремено имаат и теататарска компанија а од Чикаго се дојдени во Холивуд за да ја продолжат својата актерска кариера. Со самото криење на нивната втора професија од страна на продуцентите на шоуто, сајтот смета дека целата приказна и не е така вистинита, особено ако се знаат уште неколку детали од неа. А тоа е дека бензиската станица на која е снимен материјалот се наоѓа на само неколку километри од Бурбенк студиото на Лено и дека девојката веќе учествувала во тотално иста точка, во истата рубрика, на истото шоу, на истата бензиска пумпа пред две години. Еве го нејзиното прво појавување:
Од последните популарни видео клипови на големите американски шоуа, вистинитоста беше доведена во прашање и околу читањето хејтерски твитови на познати лица во емисијата на Кимел. Gawker тврди дека дел од твитовите се измислени од сценаристите на емисијата, небаре на Твитер не можат да се најдат доволно автентични примери на негативна енергија: