Интернет

Гугл го купува Whatsapp за 1 милијарда?

Во последниве 5 недели двете компании го преговараат евентуалното купување, кое е заглавено само заради инаетот на Whatsapp да не се продаде под 1 милијарда долари.

Рација кај "Русинот" заради ЈуТјуб

Околу 40 агенти упаднаа во домот на најпознатиот "руски" експерт за оружје и експлозиви на ЈуТјуб, "FPS Russia", кој во своите видеа редовно тестира најбесно (легално достапно) оружје. Прекршокот? Почнал да прави пари на ЈуТјуб.

Колку си одвратен на Твитер?

На седмиот роденден Твитер има над 200 милиони корисници, кои создаваат над 500 милиони твитови на ден. Во целото ова време и на толку народ, почнуваат да се создаваат лоши навики кои некако сосема природно си дојдоа, од самите луѓе.

Како Твитер за малку немаше да постои

Во четврток е седмиот роденден на Твитер, еве неколку работи на оваа тема заради кои е прилично чудно што платформата воопшто го дочекала првиот роденден и која улога ја има денес.

Троловите плаќаат со менталното здравје

Дерењето на интернет ве прави само потажни и погневни, па ако не заради нас, тогаш барем заради себе би било убаво да престанете.

Работниот ден на кинески хакер

Стануваш во 7, работиш до 17:30 или повеќе, се враќаш назад во соба, јадеш инстант нудли, гледаш епизода на "Prison Break," си легнуваш. Утре повторно.

Историјата на Фејсбук низ полињата на профилот

Со секој нов редзијан, промена на приватноста или на правилата за користење, Фејсбук менува по нешто и во профилот и начинот на кој го менаџирате. Ова најдобро се познава по бројот на полиња што денес ги има ФБ.

Претседател со инстант товар

Рамзан Кадиров е човек со многу гајлиња. Ја води сиромашната Чеченија која тешко се опоравува од беспоштедната војна. Постојано е на тапет заради кршење на човековите права и корупција. А од неодамна, овој живописен лик има уште еден товар на плеќи - Инстаграм.

Сите сме поврзани во 19 клика

Кои било две веб страни на интернет се поврзани меѓу себе со 19 кликови или помалку, пресметал еден унгарски физичар. Иако нема точна бројка се смета дека моментално има околу 14 милијарди интернет страни.

Гугл подготви милијарда за Епл

Една милијарда долари е цената што Гугл годишно ќе му ја плаќа на Епл за правото да биде дифолтен пребарувач на iOS оперативниот систем. Ова не значи дека ќе престанат да се расправаат и судат за другите работи.

Твојот бивш е најголема закана за твојата онлајн приватност

Во конкуренција на вируси, кинески хакери, албански хакери и колегата од ИТ што ви ги чита пораките, и понатаму бившиот партнер преставува најверојатниот извор за некоја ваша информација (слика) да се појави на интернет.

Дали бе се откажале од Фејсбук за 200 долари?

Додека вие размислите и се исценкате сами со себе, една тинејџерка од САД ја прифати понудата за откажување од дремењето на Фејсбук.

Право на оштета заради немање интернет

Германскиот суд одлучи дека заради тоа што интернетот е "суштински" дел од животот на луѓето, интернет претплатниците имаат право да го тужат својот провајдер кога ќе снемаат интернет.

Сите ќе носиме венчален прстен

Дури ни Гугл не верува дека вашите пасворди се безбедни. Кога ни повеќефазните логирања и сериозни енкрипции не ги даваат очекуваните резултати, се размислува за хардверско решение на проблемот – усб бижутерија.

MEGA, архинепријател на авторските права

Деновиве постепено низ цел свет треба да биде пуштен МЕГА сервисот на Ким Дотком, кој сериозно се заканува засекогаш да го демонтира комплетниот светски систем на авторски права.

Конечно интернетот помогна некому да има секс

Среќникот е тој десно на сликата, "жртвата" е таа лево, условот околу кој помогна интернетот го имате на жолтиот хамер. На здравје нека му е.

Интернет 2012

Во 2012 бројот на меил корисници во светот пораснал на 2,2 милијарди, кои дневно праќаат околу 144 милијарди мејлови. Годишниот извештај за користењето на интернет во 2012-та.

Дали би платиле 100 долари за да му пратите порака на Закерберг?

Фејсбук почна со тестирање на некои екстремни цени за најавената опција која во основа ќе го стави вашиот Фејсбук инбокс на продажба. Прво сандаче на продажба е инбоксот на Марк Закерберг.

Најпиратираниот филм за 2012.

По листата на најпиратирани ТВ серии, ТорентФрик ја направи завршната сметка за најпиратираните филмови во 2012-та. На прво место - Project X.

Епл влече накај бесплатно

Само 34% од апликациите објавени во App Store на Епл во 2012-та се наплаќале. За споредба во 2008-ма, ова изнесувало 74%.

Пропадна договорот за контрола на интернетот

САД, Канада, Австралија и Обединетото кралство одбија да го потпишат Договорот за меѓународни комуникации, со што целата идеја за контрола на интернетот, барем сега за сега, е ставена на пауза. Македонија немаше право да бира дали ќе потпишува или не, бидејќи или не си го платила членството во МТУ или имала проблем со документите.

20-те најгледани реклами на ЈуТјуб за 2012.

2012-та беше сериозно голема година за спортот и автомобилите. Речиси сите 20 реклами имаат некоја спортска ѕвезда или автомобил. Изборот е направен чисто по бројот на прегледувања што ги има видеото. Тема на најгледаната реклама за 2012-та на светско ниво - фудбал.

Зошто светот се расправа за интернетот

Во изминатите 30 години никој не го контролираше интернетот, и за луѓето кои ја создадоа мрежата тоа не е баг, туку е функционалност. Неделава околу 2.000 луѓе се собраа на конференција во Дубаи, со цел да го променат ова.

Твитер стана Инстаграм

Точно на време за претстојниот десант на слики од снег и кондури во снег, Твитер ги пушти своите "инстаграм" филтри за фотографии.