Карл Мајерс, во сите видеа на својот канал користи руски акцент, и најчесто нив ги завршува со голема експлозија. За овој ефект тој супстанцијата Танерит, легален експлозив кој експлодира кога ќе го погодиш со куршум.
Овој експлозив е легален и според американскиот закон тој е дозволен да се користи за лични цели. Токму тука е и проблемот. Бидејќи Карл Мајерс благодарејќи на својата популарност почнал да собира пари од реклами на ЈуТјуб, тоа него го става во бизнис категорија за која е потребна дозвола, што тој ја нема.
Каналот FPS Russia има речиси 4 милиони членови и е извор на приходи на Мајерс.
Во акцијата никој не бил уапсен, а од полицијата не соопштуваат дали бил запленет некаков експлозив.