Интернет

Лондон ќе вози на бесплатно ВиФи

Лондон ќе ја проширува својата мрежа на бесплатен ВиФи интернет, претворајќи ги градските таксија (оние црните) во подвижен ВиФи хотспот.

Дали твитовите на Папата ќе бидат непогрешливи?

Ватикан и официјално го претстави личниот Твитер акаунт на папата Бенедикт XVI-ти. Уште нема ништо твитнато а веќе има повеќе следбеници од тебе и сите што ги знаеш, заедно.

Пиратерија и разумни власти

Без никој ни да очекува од нив, Канада го најде веројатно најдоброто и најмирољубивото решение на тема интернет и пиратерија.

Интернетот ќе добие господар

Досегашниот успех на интернетот се должи на отвореноста на целата платформа која се развиваше низ дискусијата на научниците, инженерите и корисниците, без притоа да биде контролирана од која било организација. Наскоро се ова може да се смени и контролата на интернетот да заврши во О.Н. организација озогласена по својата тенденција да ги затупи работите.

Зошто не можете да го победите Фејсбук со еден пост

Секој пат кога Фејсбук ќе направи апдејт на политиката за приватност, луѓето некако мислат дека можат да ги сопрат промените објавувајќи еден конкретен статус на својот ѕид.

Зошто секој провајдер треба да се плаши од Гугл Фајбер

Неколку населби во Канзас сити беа избрани од Гугл за експериментално пуштање на нивната услуга Гугл Фајбер (интернет од Гугл). Првите резултати се комплетно застрашувачки за останатите провајдери во САД.

Зошто Кина уште користи IE6

Кина комплетно го излудува Микрософт и тоа не заради бескрајното пиратирање на нивниот софтвер, туку затоа што не сака да престане да користи Интернет Експлорер 6.

GIF-от е пред умирање?

И покрај тоа што беше избран за "збор на годината," ГИФ форматот никогаш во историјата не бил помалку популарен од денес.

Колку би платиле за интернет без реклами?

Во најава е апаратче кое ветува дека ќе ви го врати интернетот онаков каков што го сакате и ќе ги блокира сите досадни и иритирачки банери на вашите омилени веб сајтови. Нормално, кваката е во тоа што ако апаратчето стане ултра популарно, добар дел од вашите омилени сајтови нема да постојат.

Инстаграм веќе не е само за мобилен

Најпопуларната апликација за фотографии за смартфон, од вчера официјално лансираше и веб профили за сите свои корисници кои ќе бидат достапни на лаптоп и десктоп компјутери.

Франција му го пушти УЈП на Гугл

Франција и официјално побара од Гугл да плати данок на парите што ги направил во земјата во изминатите 4 години. Даночната пријава за Гугл е на 1 милијарда евра.

Фејсбук принцовите доаѓаат на хорс

Случајно фатена фотка од еден плавоок и фотогеничен бездомник од Бразил направи дечкото да стане предмет на романтични фантазии и миленик на женската популација на Фејсбук. Вистината, не баш романтична.

Онлајн список на забранетите

Со промоцијата во Брисел започна да работи порталот на ОЕСР со глобалната листа на забранети производи - Global Recalls

Пиратот заврши во самица

Готфрид Свартхолм (ко-основачот на Пајрт беј) повеќе од еден месец е во ново изградениот затвор на 15 минути од Стокхолм, и целото време е затворен во самица како казна за нешто што нема никаква врска со Пиратскиот залив.

Фејсбук со шамари се избива

Знаејќи што карактер е, и дека никогаш нема да го испочитува ветувањето што си го дал сам на себе дека нема да си го троши времето на Фејсбук, еден од познатите блогери за продуктивност во САД решил да ангажира некој што со шамари ќе го одвикне од ФБ.

Дали Фејсбук е следниот Филип Морис?

Деновите излезе ново истражување според кое социјалните медиуми се најнеодоливата активност за луѓето. Повеќе од цигари, повеќе од секс, повеќе од спиење.

Гугл сака да биде банка

Гугл, компанијата за интернет пребарување кој исто така има и 35 други бизниси, уште еднаш ќе го прошири своето портфолио овој пат додавајќи оддел за финансиски услуги.

Не разумеш ти то друже судија

Од денес Јапонија е "најталибанската" држава во борбата против онлајн пиратеријата, воведувајќи 2-годишни затворски казни за сите што ќе бидат фатени со нелегално симната музика или филмови.

Пребарувачот што никогаш не го побаравте

Во случај некој да имаше проблем да најде порно на интернет, сега има интернет пребарувач исклучиво наменет на оваа тема. Поразличен е од другите.

Не е важно колку те следат, важно е колку те читаат

Бројот на луѓе што те следат на Твитер е на добар пат да стане втора, ако не и трета по важност бројка за вашето его.

Ова е не другарски

Една од високите функционерки на германската Пиратска партија, која бескрајно се залага сите содржини на интернетот да бидат бесплатни, побара да прекинете да и ја копирате нејзината книга.

Кога линкот е авторско право?

Во прва ваква одлука во историјата на интернетот, еден холандски суд одлучи дека објавување на хиперлинкови до туѓи содржини (под одредени околности) е прекршување на авторски права.

Сандачето е на пауза

Од алатка која со ВОРП 9 ги забрза комуникациите низ светот, меилот за многумина се претвори во господар на кој му се робува. Оние на кои им е смачено дежурството покрај сандаче, отсега имаат можност за пауза. 

Сè знаат, ама изгледа џабе

Секој што користи торент за симнување на филмови и музика, е мониториран и тоа во рок од најмногу 3 часа, тврди едно истражување од Универзитетот во Бирмингем.