Во пресметката на Алберт Ласзло Барабаси се открива дека на интернет постојат околу 1.000 милијарди документи - 14-те милијарди страни сосе сите слики, видеа или други фајлови што ги има на нив.
Целиот модел на Барабаси, објавен во Philosophical Transactions of the Royal Society, зависи од мала група на страни (интернет пребарувачи, агрегатори и индекси), кои се одлично поврзани меѓу себе и кои служат за движење од еден дел на интернетот на друг. Токму овие точки им дозволуваат на корисниците да поврзат кои било две веб страни во помалку од 19 кликови.
Според неговиот модел, без разлика колку ќе порасне мрежата, правилата за меѓусебната поврзаност и понатаму ќе важат.