Според извештајот на Апсфајр, годинава е намален бројот на апликации кои се дадени за одобрување во Епл, меѓутоа според нив тоа најверојатно е заради зрелоста на пазарот.
Она што е сериозна промена е се поголемата застапеност на бесплатните апликации, поточно на апликациите кои за базираат на "фримиум" моделот (бесплатна основна верзија, доплаќање за дополнителни опции).
Моментално се проценува дека има над 1 милион апликации достапни преку сервисот на Епл, меѓутоа само околу 1.000 од нив успеале да стигнат на топ листите на App Store.
Како еден од главните проблеми е што се проценува дека заради преполнетоста на пазарот околу 600 илјади апликации никогаш не успеале да привлечат сериозно внимание на корисниците.