Гугл подготви милијарда за Епл

Една милијарда долари е цената што Гугл годишно ќе му ја плаќа на Епл за правото да биде дифолтен пребарувач на iOS оперативниот систем. Ова не значи дека ќе престанат да се расправаат и судат за другите работи.

За секој долар во приходи што Гугл ќе го направи на iOS благодарејќи на реклами и собирање на податоци, Епл ќе добие 75 центи. Иако Гугл му плаќа повеќе на Епл отколку што заработува од корисниците на iOS, нивниот главен ќар од целата работа се податоците што ги собира од корисниците.

За оваа услуга фондацијата Мозила во 2014-та ќе добие 400 милиони долари. Како за споредба, за истата привилегија во 2009-та Гугл на Епл му плати 82 милиони долари.

12 февруари 2013 - 16:47