Најпиратираниот филм за 2012.

По листата на најпиратирани ТВ серии, ТорентФрик ја направи завршната сметка за најпиратираните филмови во 2012-та. На прво место - Project X.

Со речиси 9 милиони симнувања од торент филмот Project X на листата зад себе ги остави Mission: Impossible – Ghost Protocol и The Dark Knight Rises, на второто, односно на третото место.

Изненадувачкиот дел околу Project X е и што тој е филмот со најмалата заработувачка меѓу првите 10.

Како едно од објаснувањата за првата позиција на Project X (кој доби прилично лоши критики), се Project X забавите. По излагањето на филмот, се појавија вести дека тинејџери низ целиот свет се обидуваат да ја копираат забавата од филмот, кој се базира на животот на еден австралиски тинејџер кој покани 500 луѓе на домашна забава преку Фејсбук.

На листата нема некои од годинешните блокбастери како Скајфол, кој во моментов на торент е достапен само на лоша снимка.

Севкупно не постои значителна промена на вкупниот број на симнати филмови во споредба со минатата година.

 

28 декември 2012 - 11:22