20-те најгледани реклами на ЈуТјуб за 2012.

2012-та беше сериозно голема година за спортот и автомобилите. Речиси сите 20 реклами имаат некоја спортска ѕвезда или автомобил. Изборот е направен чисто по бројот на прегледувања што ги има видеото. Тема на најгледаната реклама за 2012-та на светско ниво - фудбал.


20. Old Spice | Vending Machine

3.895.354 прегледувања

На 20-то место е првата од неколкуте Олд Спајс реклами што се појавија годинава.



19. Old Spice | Bed
4.256.405 прегледувања

Во поставата на Олд Спајс ликови се појави и играчот на Грин Беј Пакерс, Грег Џенингс.


18. FIAT 500 Abarth - Charlie Sheen "House Arrest"
4.275.978 прегледувања

Фиат беше една од ретките компании што се осмели својот бренд да го поврзе со ликот на Чарли Шин. Не излезе лошо.


17. Hot Wheels World Record: Corkscrew Jump
4.667.242 прегледувања

Компанијата за играчки Hot Wheels годинава направи кампања во која со вистински автомобили и возачи се обиде да го повтори се она што можат нивните играчки да го направат.



16. Toyota Camry 2012 - It's Reinvented
4.872.178 прегледувања

Откако го направија новиот модел на Камри, Тојота продолжува со новите иновации.



15. Sauza Tequila - Make it with a Fireman
5.351.826 прегледувања

Меѓу сите жени низ рекламите, Sauza Tequila реши да најде пожарникар што знае ги разбира потребите на жените, знае француски и прави коктели.


14. Old Spice - Bounce
5.614.833 прегледувања

Олд Спајс и Тери Крус упаѓаат и комплетно уништуваат реклама за детергент.


13. Old Spice - Blown Mind
5.784.801 прегледувања

Четвртата реклама за Олд Спајс на списоков.



12. Pocket Like It's Hot - Snoop
6.710.620 прегледувања

Микро-печка варијантата на Drop It Like It's Hot на Снуп.



11. Chevy Silverado "2012"
7.662.807 прегледувања

По крајот на светот она што останува е Chevy Silverado и тие што нема да возат Форд.




10. Audi - Vampire Party
7.878.395 прегледувања

Ауди одлучи да го искористи целото лудило околу вампирите што е актуелно низ светот за да ги промовира новите LED фарови.



9. Nike Football: Cristiano Ronaldo vs Rafa Nadal
10.070.487 прегледувања

Тешко е да згрешиш со реклама, кога за тебе имаат потпишано Кристијано Роналдо и Рафаел Надал.



8. Halftime in America: Chrysler
11.295.733 прегледувања

Крајслер го искористи Клинт Иствуд за да и порача на Америка дека Детроит се враќа.



7. GoPro HERO3
12.918.788 прегледувања

За промоција на новиот модел на камера, GoPro направија феноменална разгледница од Земјата.



6. Volkswagen - The Dog Strikes Back
16.123.084 прегледувања

Една од двете реклами со кучиња на Фолксваген што се завршија меѓу 10-те најгледани на листата.


5. Honda - "Matthew's Day Off"
16.300.230 прегледувања

Она што сите го сфатија како најава за втор дел од "Ferris Bueller's Day Off" всушност беше реклама за Honda CR-V.



4. Samsung Galaxy S III - The Next Big Thing is Already Here
17.061.689 прегледувања

Саркастичната реклама на Самсунг по повод новиот Ајфон. Едно од најквалитетните шамарања меѓу двата бренда.



3. Volkswagen - The Bark Side
17.757.532 прегледувања

Кучешкиот хор на Фолксваген ја одлаја насловната тема од Војна на ѕвездите, во чест на рекламата со мини Дарт Вејдер, која беше еден од најголемите хитови на 2011-та.



2. Pepsi MAX - Uncle Drew
18.053.536 прегледувања

Пепси го одбра дебитантот на годината во НБА, Кајри Ирвинг, го преправија во старец и го пуштија на партија уличен баскет.



1. NIKE FOOTBALL: MY TIME IS NOW
20.936.127 прегледувања

Годинава најголем спортски настан по Олимпијадата, беше Европското во фудбал. Најк ја искористи целата своја сила за да покаже колку добро го владеат фудбалот.

13 декември 2012 - 11:05