
14-годишното девојче се договорило со својот татко за 200 долари цели пет месеци да го изгаси својот профил. Исплаќањето на парите ќе биде 50 долари во април и уште 150 долари во јуни, доколку успее до тогаш да ги испочитува договорот.
Целата работа е ставена и на хартија, во договор потпишан од таткото и ќерката. Според него, средношколката го деактивира својот профил а таткото има право и да го смени пасвордот на истоиот за таа да не се прелаже и пак да го активира.
"Целата работа беше нејзина идеја. Таа сакаше да заработи пари, а исто така смета дека Фејсбук понекогаш е губење време. Сепак таа планира да се врати на Фејсбук по истекот на договорот," објаснува Пол Баиер од Бостон, инаку заменик претседател на компанија за енергетика.