И покрај тоа што сегашниот партнер речиси неизбежно со тек на време ќе стане бивш, во истражувањето на МекАфи речиси половина од испитаниците изјавиле дека лозинките (за најразлични акаунти) им ги имаат кажано на своите сегашни партнери.
Освен лозинката (и штетата што некој може да ја направи со неа) околу 50% од луѓето исто така немале проблем да му пратат свои лични или интимни фотографии на партнерот или некој близок пријател. Во истата анализа на МекАфи 36% изјавиле дека на Валентајн планираат да испратат секси или романтична фотографија.
Што се однесува до поранешните љубови, луѓето е поверојатно да ги проверат Фејсбук и Твитер профилите на своите поранешни партнери отколку на актуелните (50% vs. 46%).
Една од работите во истражувањето што малку го вади безбедносниот аспект на споделувањето во врска, е што по раскинување 84% од испитаниците ги менуваат пасвордите.