Уште во октомври минатата година, Фејсбук гордо соопшти дека ја достигнал фамозната бројка од една милијарда корисници. Компанијата eMarketer кој ги прави најдоверливите извештаи за нет состојбите не ја спори оваа бројка но потсетува дека барем 10 проценти од нив не се луѓе.
Кучиња, мачиња, тостери... вакви акаунти има дури 100 милиони, Фејсбук го знае тоа ама сепак ги смета и нив во својата база на активни корисници заради бизнис и маркетиншки цели.
Последниот квартален извештај на компанијата вели дека во моментов на ФБ се 1,11 милијрда корисници, бројка кој според eMarketer ќе биде достигната дури 2014-та година. Од друга страна, истиот мониторинг ги демантира гласините дека Фејбук губи милиони корисници на своите битни и возрасни пазари, Европа и Јапонија, објаснувајќи дека притоа не се земени во обзир префрлувањата на мобилна верзија.