Разгледувајќи ги ИП адресите на торент сообраќајот, ТорентФрик наоѓаат една ИП адреса која води директно до Ватикан.
Откако ќе се тргнат сите (горе долу) познати наслови, на списокот остануваат и неколку порно наслови меѓу кои има и некои прилично конкретни теми. Без линкови, насловите на списокот се RS77_Episode 01 (Russian Slaves 77), BDSM Sklavin Zuchtigung im dunklen Hobbykeller teen fesselspiele, TPH Tiffany Starr and Sheena Shaw, и WA-27788 Lea Lexis and Krissy Lynn.
Од регуларните содржини, свештениците повеќе биле заинтересирани за серии отколку за филмови. Конкретно ги следеле: Chicago Fire, Lightfields, The Neighbours, Touch и The Americans.
Тие биле многу помалку заинтересирани за музика и видео игри. На списокот имало само еден два албуми, едниот компилација, а вториот Lego House од Ed Sheeran. Единствена видео игра на списокот е Mega Airport Madrid X.