Што најмногу сака Северот да пиратира

Малку е веројатно дека Северна Кореја ги платила лиценците за Фотошопот што го користи кога сака да го плаши светот, исто како и тоа дека луѓето од режимот само службено го користат пристапот до торенти.

Од ТорентФрик седнаа да ги разгледаат логовите на глобалниот торент сообраќај, од од љубопитност за тоа што се случува во Северна Кореја.

Затоа што без разлика на нивниот имиџ на негативци, сепак и Северно Корејците се луѓе, нормално е на списокот на торенти да има и порно. И тоа станува збор за многу по меинстрим порно, отколку што беше регистрирано во Ватикан.

Како и секоја добра корпорација и Северот сака да ги следи своите вработени, па така меѓу торентите е и Net Monitor for Employees (програма за следење и евидентирање на целата работа на компјутерот). На листата е и оперативниот систем на Епл, OSX 10.8.3, овој торент е многу веројатно да бил за Ким Јонг Ун, за кој сигурно се знае дека има Мекинтош.

Дали по службена нарачка или од сопругата на човекот што симнувал, има и торент за уредување на домот The Home Decorating Idea Book.

ТорентФрик не успеале да најдат ниту еден музички албум или песна, ама затоа од телевизија Корејците ја следеле How I met your mother и новата трилер серија The Following. На списокот се и филмовите Life of Pi и Death from above.

13 април 2013 - 19:59