Минатата година во Кина 242 милиони луѓе купиле нешто на интернет. Ова е за речиси 50 милиони луѓе повеќе од 2011-та (кога Кина и Бразил беа изедначени на 194 милиони) и 80 милиони повеќе отколку во 2010-та.
Алибаба доминира во кинескиот е-комерц. Околу 212 милиони луѓе купувале на Таобао (кинескиот Ибеј), додека 155 милиони купиле нешто преку Тмал (кинескиот Амазон). И двата сајта и припаѓаат на Алибаба.
13,2% од купувачите, шопингот го направиле преку мобилен телефон. Ова е прва година како извештајот ја следи и оваа категорија. Иако не може да се спореди, ова сепак е сериозна бројка.
Во последните 6 месеци од 2012, кинеските купувачи во просек направиле 4 нарачки кои вкупно чинеле 275 долари. 40% од овие нарачки биле направени бидејќи било поефтино да се купува во странство отколку дома. Речиси 34% изјавиле дека брендот кој го сакаат не е достапен во Кина, а дополнителни 30% не биле уверени во квалитетот на производите кои се продаваат во нивната земја.