Во моменталната дебата во Британија околу влијанието на порнографијата врз децата, се користи бројката од едно истражување до 2010-та, според кое 37% од сите содржини на интернет се порнографија.
Меѓутоа од компанијата која го правеше истражувањето (Оптенет) за БиБиСи изјавуваат дека оваа бројка "денес не е точна и не ја отсликува реалноста на интернетот." Во исто време БиБиСи наведува студија од Скандинавскиот истражувачки центар Синтеф, според која 90% од сите податоци што човековата раса ги создала во својата историја, се генерирани во изминатите 2 години.
Во оригиналната студија на Оптенет бил анализиран "репрезентативен примерок" од околу четири милиони УРЛ-а. Како и да е, истата година направена е најголемата студија за човечката сексуалност, која се базирала на анализа на милиони најчесто посетувани веб-сајтови на светот. Нивната бројка е дека во 2010-та, само 4% од интернетот бил порно. (Разликата во методологијата е што Оптенет броела поединечни страници, додека во втората се земани во предвид цели веб-сајтови.)
Во сосема друго истражување кое често се цитира во дебатата во Британија, Екстрим Теч пресметува дека 30% од целиот интернет сообраќај е генериран од порно сајтови. До оваа бројка е дојдено со пресметување на сообраќајот на еден од најголемите порно сајтови, а резултатот е помножен со дузини порно сајтови со слична големина.
Првата грешка во ова истражување е што Екстрим теч пресметува дека во 2012-та дневниот интернет сообраќај тежи половина ексабајт (524.000 терабајти), додека анализата на Циско покажува дека бројката е околу 1,4 ексабајти (1.468.000 терабајти).
Вториот пропуст е што Екстрим теч оригинално пресметува дека сајтот што го следеле имал 100 милиони посетители на ден, додека компанијата за хостинг на порно сајтови Манвин, смета дека сајтот има околу 70 милиони посетители дневно.
"Јасно ни е дека најразлични статистиките се користат во однос на интернет безбедноста и загрижени сме за нивната точност. Важно е дека која било одлука околу безбедноста на интернет, како и во секоја друга сфера, да биде базирана на докази, наместо на митови и претпоставки," објаснуваа Николас Лансман од ИСПА.