Бројките за годинава се од GP Bullhound, а според нив во 2013-та, за 1-минута се:
- се пуштале 350.000 твитови
- биле качени 100 часа видео
- Амазон правел приходи од 118.000 долари
- а се качувале 243.000 фотографии на Фејсбук (ова е според ФБ, а не GP Bullhound)
Затоа што GP Bullhound немаат извештај за 2012-та, нивните бројки се споредени со бројките од Интел за лани, па се добива следната состојба:
Според ова, бројот на твитови во 2013-та (објавени во 1 минута) пораснал за 250%, аплоудираните видеа на ЈуТјуб за 233%, пребарувањата на Гугл за 75% а приходите на Амазон за 42%.
Објаснувањето за ваквата разлика е што од лани до годинава бројот на луѓе што имаат интернет се зголемил за 3% (на светско ниво), а броудбендот во светот е побрз за 17%.