Тој објаснува дека лично познава случаи на "возрасни луѓе кои мислат дека имаат 500 пријатели заради тоа што имаат 500 пријатели на Фејсбук."
Иако Чомски не користи Фејсбук, тој чувствува дека мрежата "има влијание на неговата лична кореспонденција."
"Добивам еден тон кореспонденција. Таа порано беше во форма на писма, но сега претежно е во мејлови. Она што не го забележав, меѓутоа и падна во очи на мојата секретарка, е дека голем број од писмата што доаѓаат повеќе не се коментари или барања, туку се долги само една реченица.
Ако ја погледнеш природата на овие писма од една реченица, можеш да видиш дека мнозинството од нив се нешто што некому му паднало на памет. Одат по улица им дошла мисла и ја пратиле. Меѓутоа ако размислиле за работата само 2 минути, тие воопшто немало да ја пратат," објаснува Чомски.
Целото интервју: