Влажниот интернет сон

Маж во 2009-та експериментира со некои нови работи на интернет и решава да купи биткоин (виртуелна валута) во вредност од 27 долари. Четири години подоцна му текнува да провери што се случило со неговата инвестиција.

Норвежанецот Кристофер Кох купува 5.000 биткоини откако ги открива додека пишува теза за компјутерска енкрипција. Инстантно ги заборава, се додека годинава медиумите не направија галама околу целата технологија.

Кога решава да провери, открива дека тие 5.000 биткоини, денес му вредат 886.000 долари. Целата приказна за малку ќе завршела трагично бидејќи на Кох не му текнувала лозинката за логирање.

Откако го открива богатството Кох заменува една петтина од своите 5.000 биткоини за да купи стан во една од побогатите населби на Осло. Другите уште ги чува.

29 октомври 2013 - 18:10