Идејата на Амазон е да почне да ги пакува и товари производите врз основа на очекувањата дека корисникот ќе купи нешто од нив. За тоа што конкретно ќе спакува, Амазон ќе одлучува според параметри како:
- претходни нарачки на купувачот
- пребарувања на производи
- листа на желби
- содржина на кошничката
- работи кои се вратил
- колку време бил со маусот над одреден производ.
Откако производот ќе биде спакуван и товарен врз основа на предвидувања, тој ќе чека во некој од камионите или локалните магацини на Амазон во близина на потенцијалниот муштерија, се додека не стигне нарачката.
Ова би требало да му помогне на Амазон во две работи: прво, да го намали времето на испорака и второ, да ги обесхрабри купувачите да одат во физички продавници. Според Амазон, времето на испорака е еден од факторите кои ги обесхрабрува луѓето да купуваат преку интернет.
Се уште не се знае кога Амазон планира да почне да ја користи оваа технологија и дали воопшто ја користи во моментов. Тие се надеваат дека овој метод ќе им помогне посебно во дистрибуција на популарни книги и други производи кои купувачите сакаат да ги имаат на денот на нивната премиера.