Амазон има и посебен клуб за лицата со најголем број на коментари, Амазон Вајн, во кој се влегува само со покана од компанијата. На членовите, Амазон најмалку еднаш месечно им испраќа листа на производи. Тие имаат право да изберат само два производа од листата што ќе ги тестираат и за кои ќе напишат рецензија во рок од 30 дена.
Во разговор со НПР, еден од членовите на клубот, Мајкл Ерб, раскажува дека до сега преку програмата добил илјадници долари во производи: од ласерски печатачи од 500 долари до фитнес точак од 1.000 долари.
Според правилата, луѓето што ги добиваат бесплатните производи нив не смеат да ги продаваат, а Амазон има право во секое време да го побара назад производот. Според Ерб, ова до сега се нема случено.
Професорот на Универзитетот Њујорк, Анидја Гос, објаснува дека станува збор за феноменална стратегија на Амазон.
"Амазон работат со коментаторите со цел да го наполнат сајтот со што е можно повеќе корисни рецензии. Дури и производ со негативни рецензии се продава подобро отколку производ без никаква рецензија," објаснува Гос.