Заклучокот на научници од два универзитета (Минесота и Бригхам Јанг) е дека гледањето на слики од одреден вид храна, и потоа јадење на истата, го намалува задоволството што ја добиваш од истата.
"Се работи за сетилна досада... ти веќе го имаш пројдено тоа. Повеќе не сакаш да го искусуваш тој вкус," објаснува авторот на студијата Рајан Елдер.
На анкетираните во истражувањето им биле дадени да гледаат слики од 15 јадења и да дадат оценка колку им се примамливи во моментот. По ова им биле дадени да пробаат некои од јадењата и да оценат колку уживале во нив.
Се покажало дека колку повеќе гледаш фотографии, посебно од слична солена храна, толку помалку уживаш во јадењето на истата. Падот во уживањето по гледањето слики е околу 15%.
Причината зошто гледањето слики има спротивна реакција од очекуваната е затоа што во моментот кога ги гледаш ти почнуваш да замислуваш како ги јадеш, што за мозокот е доволно добро, ако не и исто како вистински да ги јадеш. Исто како што 10-от гриз од хамбургер ви прави помало задоволство, отколку првиот.