"Секој ќе има смартфон. Трендот е дека мобилниот оди кон победа и тој веќе победи," објаснува Шмит.
Значително влијание и основа на новите сервиси ќе имаат "машинската интелигенција и големите бази на податоци," и нивната способност да лоцираат и рангираат луѓе, и начинот на кој податоците глобално ќе го променат "секојдневниот бизнис."
Тој не е сигурен што ќе се случи во областа на генетиката, меѓутоа очекува дека напредокот во секвенцирање на ДНК ќе "донесе до откритија во лечењето и дијагностицирањето рак во текот на следната година. Тие се неизмерливо важни."
Шмит за годинава очекува дека Гугл нема повторно да утне со социјалните мрежи. "Ние не го предвидовме растот на феноменот на социјални мрежи. Ова не е грешка што ќе ја направивме пак. Во наша одбрана, зафатени сме со работа на други работи, ама требаше да бидеме во таа област и да ја преземеме одговорноста за тоа."