Математиката на Принстон беше дека како и секоја епидемија која зафаќа огромен дел од човечката популација, така и Фејсбук, треба да очекува рапиден пад и изумирање во следните неколку години. Главна алатка на Принстон бил Гугл Трендс, кој во основа покажува колку пати зборот "Фејсбук" бил пребаран на некој од сервисите на Гугл. Заклучокот е дека Фејсбук пикот го постигнал во 2012-та а крајот ќе му биде во 2017-та. (тука за нивното истражување.)
Откако сторијата онлајн го доби целото можно внимание, Фејсубк одлучи да одговори преку својот блог:
"Како и многумина од вас, и ние бевме заинтригирани од неодамнешната студија на истражувачите од Принстон кои предвидоа неминовна пропаст на Фејсбук. Од посебен интерес беше иновативната употреба на податоци од пребарувањето на Гугл за да се предвидат трендовите, наместо да се истражуваат вистинските трендови."
Потоа луѓето на Фејсбук што се добри со бројки, развиле сопствена методологија за предвидување која се базира на:
- колку лајкови има добиено Принстон на Фејсбук.
- колку пати се пребарува Принстон на Гугл Сколар
- и колку пати е внесен Принстон во Гугл Трендс.
Во сите три случаи терминот "Принстон" бележел пад на користење во изминатите неколку години:
"Овој тренд покажува дека Принстон во 2018-та ќе има само половина од сегашните нови студенти, а до 2021-ва тие нема да имаат ниту еден студент. Базирано на нашите робусни научни истражувања, идните генерации ќе може само да ја замислуваат оваа тогаш разурната институција како некогаш постоела на Земјата."
Како за крај, тие го ставиле и зборот "air" во Гугл Трендс и откриле дека и тој бележи пад во изминатите неколку години: "Нашите проекции се дека до 2060-та повеќе нема да има воздух."