Европскиот суд на правдата застана зад "правото да се биде заборавен", што значи дека Гугл и другите сервис провајдери ќе мора да отстрануваат податоци за луѓе ако тие тоа го побараат од нив.
Случајот дојде на суд по барање на еден Шпанец кој тврди дека неговото присуство меѓу Гугл резултатите за една стара аукција на куќи му ја нарушува приватноста.
Поддржувачите на "правото да се биде заборавен", меѓу кои и комесарот на ЕУ Вивиан Рединг ја прославуваат одлуката на судот сметајќи ја за голема победа во заштитата на приватните податоци на Европјаните.
Гугк кој ги добиваше претходните фази на случајот сега е и изненаден а и бесен бидејќи е јасно дека го очекува лавина барања за бришење податоци а од друга страна е нејасно како ќе се решаваат сивите зони на ова правило, кога се бара бришење на податоци за човек ама тој е јавна фигура а темата е можеби од јавен интерес.
Гугл ја бранеше позицијата дека не ги контролира податоците кои ги има туку само линкува до нив и дека секое бришење е некаков вид на цензура.
"Правото да се биде заборавен" беше промовирано пред две години од Европската комисија, меѓутоа неговата реализација е вистинска ноќна мора на сите иматели на веб содржини кои ќе треба да бришат куп стории ако тие на нивните јунаци веќе не им се бендисуваат.