Интернетот како терапија за троловите

Луѓето кои според тестовите за карактерот се несомнени интернет тролови е многу поверојатно онлајн да ги имаат сите особини од "мрачната четворка" (психопатија, нарцизам, макијавелизам и садизам). Доброто во сето ова е што да не беше интернетот, тие вака ќе се однесуваа во офф-лајн животот.

"Затоа што садистот се карактеризира со злобен и деградирачки однос кон другите (некогаш и физички), можно е интернетот ним да им дозволува да ја редиректираат оваа енергија.

Ако тие им наштетуваат на другите преку анонимни коментари, веројатни тоа ги спречува нив да направат нешто многу подеструктивно во живо. На екстремната страна, садизмот најчесто е забележан кај сексуалните насилници и сериските убијци.

Друга работа која не е доволно нагласена во студијата е дека - на ниво на сите учесници, во просек на коментирање се трошело по еден час на ден. Најфреквентно коментирале млади момци кои имале висок резултат на Global Assessment of Internet Trolling тестот што го изработиле авторите," пишува Џордан Луис за Гардијан објаснувајќи ја студијата на Универзитетот на Манитоба за однесувањето на троловите.

26 февруари 2014 - 14:18