Главната намена на новата опција на Фејсбук не е да го уништи Шазам и слични независни апликации, туку колку може повеќе да ги држи своите корисници на апликацијата.
Откако апликацијата ќе ја најде песната, таа инстантно може истата да ја објави на твојот профил на Фејсбук (што генерално го прави и секоја друга апликација од овој тип) заедно со линк до целата песна (тука е разликата бидејќи Фејсбук потпиша партнерска соработка со Спотифај, Рдио или Дизер). Во случај да е серија во прашање, на вашиот пост ќе има линк до Фејсбук страната на шоуто.
Според првите тестови, на Фејсбук му треба помалку време за да најде некој материјал, отколку на неговиот главен конкурент (на темава) Шазам.
Опцијата треба да се појави во следните неколку недели и ќе треба да се пријавите за неа.