"Авторите брзо учат дека коментарите обично се тажно место, корисно да видиш дали читателите ти нашле грешка или пропуст во твоите аргументи, ама не и добро место за да се задлабочиш или да најдеш други одговори," објаснуваат од Прајсономикс.
До сега нивното искуство е дека луѓето коментираат на статии без воопшто да се заинтересираат за да го прочитаат целиот текст и најчесто коментарите се базираат на прочитан наслов или се одговор на некој претходен коментари.
Иако признаваат дека нивната перцепција за публиката и коментарите е комплетно субјективна, тие се повикуваат на истражување објавено во Тајм магазинот. Во него се заклучува дека посетителите кои читаат повеќе и подолги статии на интернет многу малку споделуваат на Фејсбук и твитаат, во споредба со ние чии твитови се базирани на малку повеќе од прочитан наслов.