Објаснувањето што на Фејсбук им го дал владиката задолжен за медиумската стратегија на Ватикан, Клаудио Мариа Чели, е дека Папата нема да се зачлени на мрежата, заради страв од злонамерни коментари.
Чели беше дел од тимот што го убеди и работеше со Бенедикт на пуштањето на официјалната Твитер сметка на Папата (се твита еднаш неделно на девет јазици). Тој објаснува дека во Ватикан дошло до криза кога била креирана сметката, заради стравот од навредливи и "безбожни" одговори на твитовите од @Pontifex.
Стравот е што на Фејсбук овие коментари се повидливи, за разлика од Твитер каде што можат да се игнорираат. Ватикан веќе троши доста време на "чистење" на своите Фејсбук страни, бришејќи навреди и вулгарности, меѓутоа ги остава сите учтиви коментари и критика.
Минатата година беше објавено дека Ватикан составил тим на ИТ техничари кои требало да најдат начин како да се спречи навредливите пораки и сличен материјал да се појави на (евентуалната) страна на Папата. Стигнале до заклучок дека тоа не е можно.