Самото ширење на порнографијата е еден од главните фактори за ширењето на интернетот. Денешните процени се дека 35% од целиот интернет сообраќај отпаѓа на порнографијата. Проблемот на порно индустријата е што неспоредливо голем дел од овие содржини се комплетно бесплатни, не по нивна волја.
Во оваа сфера доминираат неколку различни сајтови кои го нудат бесплатното порно, кое директно и наштетува на порнографијата. Пресвртот е во тоа што сите овие сајтови се во сопственост на една компанија за порно продукција.
Компанијата се вика Mindgeek, претходно позната како Manwin, која ги купува некои од најголемите тјуб сајтови на интернет, меѓу кои: YouPorn, Pornhub, Tube8, XTube, RedTube, ExtremeTube и SpankWire. Таа е една од топ 3-те најголеми потрошувачи на бендвит во светот.
И покрај тоа што се преполни со пиратски материјали, сајтовите на компанијата работат сосема легално пред се затоа што го почитуваат секое барање за отстранување на нелегални содржини. (Едно видео се смета за легално се додека неговиот сопственик не побара негово тргање од сајтот.)
Тука следува вториот проблем што порно индустријата го има со Mindgeek.
Откако успеваат да соберат огромни количества кеш од бесплатните тјуб сајтови (од реклами), Mindgeek почнува со купување на порно студија. До сега ги имаше Brazzers, Digital Playground, Mofos, MyDirtyHobby и Twistys, а од неодамна го купи и Reality Kings и стана онлајн партнер на Плејбој.
Ова значи дека дел од порно актерите кои се жалат на пиратерија, работат за компанијата што ги пиратира.
"Некои луѓе ме прашаа зошто сум хипокрит и работам за компаниите на Mindgeek. Како актерка, бојкотирањето на овие компании нема ним ништо да им промени, бидејќи ако јас кажам не, има други стотици блондинки кои се подготвени да го направат тоа," изјавила за ЕјБиСи една порно актерка.
Сличен проблем има и една од најголемите критичарки на пиратеријата, Таша Рејн, која успеа да го натера Mindgeek да симне неколку нејзини видеа од ПорнХаб, иако работи за нив: "Ако сакаш да снимаш нешто, мора да снимаш за нив, бидејќи тие поседуваат речиси се'."