Интернет

Фејсбук редовно против конзервативни вести

Вработени на Фејсбук редовно потиснувале статии од "трендинг" делот на сајтот кои биле од интерес на конзервативните членови на Фејсбук, тврди поранешен новинар кој работел на проектот.

Дали може Фејсбук да намести избори?

Пред некое време беше објавена информацијата дека вработен на Фејсбук на внатрешниот форум за вработени прашал дали компанијата има одговорност да го спречи Трамп да стане претседател на САД. За сега Зукерберг ништо нема одговорено на ова, ама никој не се сомнева дека може.

Фејсбук веќе не е социјална мрежа

Фејсбук го има изгубено чувството на интимност кое своевремено им го нудеше на луѓето и заради кое толку многу луѓе се навлекоа на него. Денес Фејсбук е нешто поинакво ама и нешто многу поголемо и поопасно.

Зошто е толку лесно да бидеш гневен на интернет

Наједноставното објаснување е дека нашиот мозок е така поставен да ужива во казнувањето на другите. Ова само по себе е проблематично бидејќи ако казниш некој, постои можност тој да ти врати и да те повреди, што еволуциски го прави закана за нашиот долгорочен опстанок. Ама не и на интернет.

Околу на илузијата на приватност

Рускиот фотограф Јегор Цветков на секојдневната рута од / до работа прави повеќе безазлени фотки од најразлични луѓе што ги среќава по пат. Не му се за изложба, туку му се за многу посериозна поента околу вашите слики по социјалните мрежи.

Фејсбук го проголтува светот

Новинскиот екосистем доживеа подраматични промени во последните 5 години отколку во последните 500, социјалните медиуми не само што го имаат проголтано новинарството, туку сè имаат проголтано, пишува Емили Бел во Колумбија џурнал ривју околу потребата од регулирање на Фејсбук.

Се продава една стара интернет компанија, се вика Јаху

Ваков наслов кај дел од читателите ќе предизвика чудење што се продава компанијата која им е поим за интернет а друг дел веројатно ќе си помислат: Сум слушнал за Јаху, ама  зарем тоа уште е живо?

175.000 долари за бришење на срамот од интернет

Универзитетот на Калифорнија, Дејвис, плати најмалку 175.000 долари за да го избрише од веб пребарувачите инцидентот со полицаецот кој ги прска седнатите студенти демонстранти.

Богаташите што паѓаат на инстаграмот на своите деца

Пред да се појават Панама документите, судовите, владите и сите заинтересирани за туѓи пари и наплаќање долгови од истите, на располагање имаа еден поинаков ресурс со речиси 100-процентна успешност - Инстаграм профилите на децата на богаташите.

Базфид победи во интернет

Во петокот попладнето, светот застана да гледа двајца вработени на Базфид како ставаат ластици околу лубеница. Во најбесмислената употреба на новата "лајв видео" опција на Фејсбук, Базфид успеа да собере 800.000 луѓе кои во живо го гледаа ставањето ластици. Не шерови, не лајкови, туку директни гледачи.

Никогаш не си бил поевтин на интернет

Заклучокот на анализата на црниот пазар за хакери е дека периодов бизнисот одлично оди и дека никогаш не било поевтино да се украде нечиј идентитет, и ништо од тоа не е вештачко туку се базира на регуларна понуда и побарувачка.

Гугл ја укина првоаприлската шега за годинава

За Гугл сè се развиваше по план со зезалицата за 1-ви април, се додека во текот на денот не им се нафрлија повеќе луѓе кои тврдеа дека денес биле отпуштени од работа заради шегата на Гугл.

Јаху по цена од 10 милијарди долари

Бордот на компанијата е подготвен да го продаде главниот бизнис на Јаху за 10 милијарди долари, а во исто време Микрософт е подготвен да му даде пари на кој и да е што е заинтересиран за купување.

Користа од бескрајното расправање по интернет

Почетното чувство е дека каква било дебата по социјални медиуми помага само за дополнително закоравување на ставовите, односно дека луѓето сакаат да кажат што мислат, а секое контрирање само им ги засилува ставовите.

Нет неутралноста во поголеми проблеми од кога и да е

По прилично многу драмење, минатата година конечно со оддишка беше прогласена конечната победа на нет неутралноста. Работата беше завршена - никој никогаш нема да смее да приоретизира брзина и проток на сообраќај. Излезе дека наместо како пораз, противниците на нет неутралност ова многу повеќе го сфатија како опомена дека не се потрудиле доволно.

Што зборат директорите што си заминаа од Твитер

Во неделата се објави информацијата дека 4 извршни директори на Твитер и еден од менаџерите на Вајн си заминуваат од компанијата. ЦЕО-то Џек Дорси на Твитер објави дека директорите "избрале" да си заминат.

Што збореа за Фејсбук кога се појави

На 4-ти февруари студентот Марк Зукерберг го пушта сајтот thefacebook.com исклучиво само за неговите колеги од Харвард. Во септември 2006-та тој го прави достапен за цел САД. Во август минатата година Фејсбук објави дека стигнале до 1 милијарда корисници на ден. Ајде сега назад во 2004-та.

Култот на "лајкабилност"

Тоа што секој за себе мисли дека е експерт чиј глас заслужува да биде слушнат, всушност само го прави побезначаен гласот на сите други. Меѓутоа ова е логичната завршница на демократизацијата на културата и ужасниот култ на инклузивност, кој инсистира дека сите мора да егзистираат под истиот чадор на корпоративна регулатива и мандат кој диктира како треба да се изразуваме и однесуваме, пишува Брет Истон Елис во текстот за Њујорк Тајмс.

Гугл под напад на лажни реклами

Гугл лани успеал да блокира 780 милиони таканаречени 'лоши реклами', што е пораст од 50% во однос на претходната година. Настрадале и 25.000 мобилни апликации кои ловеле несакани и случајни кликови.

Кога ФБИ водеше сајт со детска порнографија

Еден од најголемите сајтови за детска порнографија речиси две недели бил управуван од ФБИ, и им овозможувал на илјадници посетители да симнуваат фотографии и видеа од владините сервери во предградијата на Вашингтон.

За Четворката

Скот Галовеј е професор по Маркетинг и бренд стратегија на њујоршката Стерн школа за бизнис. Во декември 2014-та човекот храбро предвидува дека акциите на Амазон ќе почнат стрмоглаво да паѓаат. Од тој момент до декември 2015-та вредноста на акциите на Амазон се зголемува за два пати. Без разлика на тоа, човекот знае што збори.

Луѓето кои играат жмурка со Фејсбук

Фејсбук морал да го смени алгоритмот кој одредува што им се прикажува на луѓето заради едно многу мало малцинство корисници: оние кои го користат Фејсбук како да е меил.

Што се случи со најомразените ликови на интернет во 2015-та

Тоа што правото на гнев на интернет е незауздено, не значи и дека тоа секогаш е неоправдано. Вон политичарите, ова се дел од цивилите кои годинава го навлекоа гневот на онлајн граѓанството.