Гугл под напад на лажни реклами

Гугл лани успеал да блокира 780 милиони таканаречени 'лоши реклами', што е пораст од 50% во однос на претходната година. Настрадале и 25.000 мобилни апликации кои ловеле несакани и случајни кликови.

Во текот на минатата година суспендирале и 10.000 вебсајтови и 18.000 акаунти кои продавале фалсификувана стока, блокирале 12,5 милиони реклами кои продавале недозволени лекови и фармацевтски производи а на нивната црна листа се нашле и 30.000 сајтови кои нуделе разни производи за слабеење.

Во компаниската дефиниција за "лоши реклами" влегуваат оние кои имаат малвер, оние кои промовираат лажна или забранета стока како и офанзивни реклами кои ја покриваат содржината. Тие својата политика за тоа што не е дозволено ја имаат објавено одамна но тоа не ги спречува луѓето сè почесто да си ја пробуваат среќата и да се обидуваат да ги обиколат правилата а платформата AdWords / AdSense да ја искористат за шиткање бош производи. 

Претходната година оневозможиле 240 милиони лоши реклами и блокирале 214.000 огласувачи. Година пред тоа 350 милиони реклами и 270.000 понудувачи.

Во мобилната сфера блокирале реклами на 25.000 апликации, најголем дел од нив затоа што ја ставале рекламата преблиску до копчињата, за да се ловат и случајни кликови.

Гугл сето ова не го прави само заради јавното туку и за сопственото добро, бидејќи ако дозволи својата платформа масовно да се користи за дубари, луѓето ќе престанат воопшто да кликаат на неа. А и онака, кој клика бе на тоа?

повеќе

22 јануари 2016 - 13:53