За 1-ви април, на Гмаил веднаш до риплај копчето Гугл додаде "Mic drop" копче, кое го прави истото што и риплај, само што на крајот од твојот одговор во мејлот додава и гиф од минион како фрла микрофон.
Гугл шегата ја претстави како - "мејлот е одлична работа, ама некогаш сакаш да стиснеш на копчето за исфрлање."
Минион копчето беше ставено веднаш до риплаj, со што го замени "испрати и архивирај" копчето. Од навика и кликање на памет, ова предизвика гнев кај голем број луѓе кои го користат мејлот на Гугл, посебно кај тие што го користат за работа.
Како на пример во оваа ситуација:
Дел од корисниците што немале лошо искуство тргнаа да го бранат Гугл дека не било нешто страшно и "кога стигнавте да ве отпуштат и да ви раскинат договор." Без разлика на ова од Гугл одлучија дека е попаметно да ја повлечат шегата и во текот на денот го укинаа копчето.
"Заради баг, минион копчето ненамерно предизвика повеќе проблеми отколку насмевки. Навистина ни е жал. Копчето е исклучено, а ако уште го гледате ве молиме повторно лоадирајте ја вашата Гмаил страна," напиша тимот на Гмаил во објавата за повлекување на копчето.