"Најголемиот дел од луѓето на одредена возраст веројатно го забележаа ова кога се приклучија на својата прва корпорација, Фејсбук, која има свои правила во однос на изразувањето на мислења и сексуалност. Фејсбук ги поттикнува корисниците да 'лајкуваат' работи, и бидејќи ова е платформа на која голем дел од луѓето за прв пат се брендираат себе си на социјалната мрежа, импулсот е да се следи диктатот на Фејсбук и да се преставиш самиот себе како идеализиран портрет на сопствениот живот - пофина, попријателска и подосадна верзија од самиот себе.
И токму овој оптоварувачки култ на лајкабилност и ужасната замисла за 'поврзливост' е она што на крај ги сведе сите на еден вид кастриран пеколен портокал, покорен во корпоративниот статус кво. За да бидеме прифатени ние мора да следиме ненагласен морален код во кој се мора да биде лајкувано и сечиј глас почитуван, а секоја личност која има негативно мислење, треба да биде исклучена од разговорот. Секој што одбива вакво чопоративно размислување е беспоштедно засрамуван. Апсурдни дози на навреди се упатуваат кон претпоставениот трол до точка што првичната 'навреда' изгледа занемарлива," пишува Елис.
Елис, инаку писател кој првата книга ја издава на 21-годишна возраст во 1985-та, објаснува како во тоа време комплетната репутација зависи од тоа како неговата книга ќе биде оценета од критичарите. Добива и позитивни и негативни критики, а му се случува и да е "жртва" на корпоративно размислување бидејќи неговиот издавач е корпорација со сопствени планови, цели и размислувања, па одбива да му ги печати книгите по основа на "вкус".
Тој ова го доживува како "страшен момент за уметноста - конгломерат одлучува што треба а што не треба да биде објавено, заради што имаше и гласно аргументирање и протести од двете страни," меѓутоа она што е клучно за него во овој период е што: "токму ова е суштината на културата: луѓе да имаат спротивни мислења и рационално да дискутираат за нив."
"Ова е време кога можеше да имаш свое мислење – да поставуваш прашања, разумен критичар - а да не те сметаат за трол.
Сега сите нас нè користат за оценување филмови, ресторани, книги, па дури и доктори и ние ги даваме најпозитивните оценки бидејќи, стварно, кој сака да изгледа како хејтер? Меѓутоа се повеќе сервиси почнуваат нас да нè оценуваат. Убер и Ербиенби ги рангираат своите корисници и не работат со оние кои не ги исполнуваат нивните услови. Ова има и спротивен ефект, па нивното рангирање ги тера луѓето да размислат како се тие вреднувани.
Дали економијата на репутација ќе стави крај на културата на срамење или едноличната корпоративна култура на себе-заштитување преку 'лајкање' на сè - да се биде лажно позитивен само за да си прифатен од стадото - ќе стане посилна од кога било? Да се даваат повеќе позитивни оценки само за да се добие иста таква за возврат?
Наместо да се прифати вистинската контрадикторна природа на овие човечки суштества, со сите нивни несовршености и склоности, ние продолжуваме да се трансформираме себеси во овие доблесни роботи. Ова пак доведе до една ужасна идеја за менаџмент на репутацијата, каде најмуваш фирма која ти помага да оформиш поприфатлива верзија од Тебе. Менаџментот на репутација се однесува на тоа како да го излажеш системот. Ова е форма на измама, обид да се избрише субјективноста и процената (за тебе) преку интуиција, за одредена цена," пишува Елис.
Целиот текст тука