Дебатата околу оваа функционалност периодов повторно се актуелизира благодарејќи на професорката за масовни комуникации од Универзитетот на Јужна Флорида, Кели Бурнс.
Стартната позиција на Фејсбук е дека нивната апликација навистина слуша што се случува околу корисникот, меѓутоа тоа го прави само за да види што тој слуша или гледа, за да може да му предложи посоодветен пост на темата.
Од друга страна, ставот на Бурнс е дека апликацијата го користи аудиото и за слушање на разговорите на луѓето за потоа да може да им постира реклами соодветни на нивните интереси.
За да го тестира ова професорката зборува за одредени теми пред телефонот и за потоа да види реклами за истите овие теми на својот Фејсбук профил.
Самата професорка не е 100 проценти сигурна во ова, бидејќи се сомнева дека можно е Фејсбук да и дава реклами поврзани со она што го пребарувала на интернет како тема за зборење пред мобилниот.
Функционалноста беше додадена во 2014-та и за сега е достапна само за американските корисници на Фејсбук, со тоа што оние кои не сакаат да ја користат слободно можат го исклучат микрофонот во опциите на апликацијата.