Што збореа за Фејсбук кога се појави

На 4-ти февруари студентот Марк Зукерберг го пушта сајтот thefacebook.com исклучиво само за неговите колеги од Харвард. Во септември 2006-та тој го прави достапен за цел САД. Во август минатата година Фејсбук објави дека стигнале до 1 милијарда корисници на ден. Ајде сега назад во 2004-та.

За што се работи?
(почеток на 2004-та)

Веб-страната комбинира елементи од стандардниот индекс на студенти на Харвард со бројни опции кои им дозволуваат на студентите да ги пребаруваат останатите луѓе што се на нивните студии, организации или друштва.
(Харвард Кримсон)

Thefacebook е направен по пример на традиционалните индекси на студенти на Харвард со имиња, фотографии, интереси и останати информации околу студентите.
(Вајард)

На веб-страната нема објаснување за "poke" опцијата. Ова можеш да му го направиш на некој што те игнорира, и тие можат или да продолжат да те игнорираат или да ти вратат. Ова не е ништо повеќе од дигитално "здраво"; ова е како играње "шуга" во ходник во средно и може да биде перципирано како слична досада.
(Индијана Стејт Универзитетот)


Како почна да се шири?

(2004-2005)
Кратко по воведувањето на Харвард, Фејсбук стана отворен и за останатите универзитети низ САД.

На почеток никој не беше заинтересиран, и после неколку луѓе почнаа да се зачленуваат. Не ме интересираше да се сретнам со некого, ама сакав да видам дали имаме исти пријатели. Една недела подоцна ставив слика. Следната недела додадов пишан профил. И на крај некако се навлекуваш.
(Њујорк Тајмс)

Со неколку кликови, членовите внесуваат лични информации, контакт и на кои студии се. Додаваш неколку покани за пријатели, и имаш твоја мрежа од пријатели и колеги.
(Дјук Хроникл)

Фејсбук, како многу малку други сајтови, го открија магичниот рецепт за успех: длабоко вкоренување во офлајн животот на неговите членови.
(Меркјури њуз)

Фејсбук е психолошка игра, некаде меѓу денгубење и стимул за флертување.
(Њујорк Тајмс)

 

Дали ќе преживее?
(2005-2006)

Добар дел од студентите ја гледаат популарноста на Фејсбук како мода, која наскоро ќе го изгуби своето значење. Создавањето социјални мрежи и трупањето пријатели изгледа како да е првата опција која им досади на студентите.
(Чикаго Марун)

Иако некои прашуваат дали ова ќе биде тренд што ќе згасне, Фејсбук изгледа го има зафатено пазарот во повеќе училишта, и се верува дека секој ден се зачленуваат околу 5.000 членови.
(Бостон)

Инвеститорите и директорите не можат да одлучат дали Мајспејс и Фејсбук се портали на следната генерација или само моментално актуелни заедници.
(ЦНЕТ)

Слично на останатите веб-страни за вмрежување, како Френдстер и Оркут...
(Бостон)

... интернет феномен кој е во истиот брод со мултимилионски компании како Френдстер и Трајб.
(Харвард Кримсон)

 

Дали ќе се продаде?
(лето 2006-та)

Сопствениците на приватната компанија ја одбија понудата од 750 милиони долари во надеж дека ќе достигнат цена за продажба од 2 милијарди долари, изјавуваат високи претставници од индустријата... не е јасно кој би сакал или би можел да плати толку многу.
(Блумберг)

... растот мора да доаѓа од различна група на корисници ако сакаат да можат да ја добијат цената од 2 милијарди долари на која се надеваат.
(Течкранч)

"Мислам дека на крај 1 милијарда долари е коректна цена ако се има предвид примерот што можеше Мајспејс да направи во смисла на партнерство со најразлични спонзорства," изјави Џеј Макдоналд, партнер во Десилва и Филипс...
(ЦиЕнЕн Мани)

целиот текст тука

23 јануари 2016 - 15:25