Микрософт веќе имал состаноци со повеќе компании заинтересирани за купување на пакетот на Јаху составен од пребарувањето и онлајн рекламите. Ангажираноста на Микрософт е за со време да биде во добри односи со потенцијалните купувач, со цел да го продолжи постојното партнерство меѓу Бинг и Јаху.
Цената од 10 милијарди долари за овие две ставки е малку повисока од очекуваната, која според аналитичарите би требало да изнесува меѓу 6 и 8 милијарди долари.
Објавата следува во ист ден кога еден од инвеститорите на Јаху објави свои номинации на членови на бордот на Јаху. По правилата на компанијата ова ќе значи дека акционерите на Јаху ќе треба да гласаат меѓу ново-предложените членови и постојниот борд, за тоа кој во иднина ќе ја контролира компанијата.