Дури и вон статистиките, во лабораториска околина луѓето мнозински избираат казна како начин за справување со учесниците што погрешиле нешто. Дополнителни студии покажуваат дека казнувањето други луѓе предизвикува активност во делови од мозокот кои се активираат при награда, "што значи се чувствуваме добро кога казнуваме други".
Експеримент на Њујорк Универзитетот од 2014-та следи како ќе се однесуваат и како ќе се справат луѓето со некој што прекршил некое правило. Резултатот е дека учесникот кој бил жртва на неправда било помалку веројатно да побара казна, меѓутоа кога истиот решавал во име на други обесправени, тој редовно барал најголема можна казна. Објаснувањето за ова е дека неправда случена на други нам ни е по апстрактна, а соочени со апстрактност веднаш се активираат менталните букмарски кои во овој случај велат "криминалот мора да се казни."
Ново истражување доаѓа до една сосема поинаква хипотеза според која "луѓето казнуваат туѓа себичност за да им пренесат на останатите дека ја заслужуваат нивната доверба." Равенката е: ако казнувам туѓо погрешно однесување, тогаш јас сум правичен.
Стави го сето ова во Твитер / Фејсбук перспектива и "нашите еволуциски инстинкти влегуваат во хипердрајв."
"Твитер е како лабораториска кутија (на која глувците притискаат рачка за да добијат награда) меѓутоа тука наградата доаѓа од јавно срамење / напаѓање. Тука ние можеме да ја притискаме рачката без никаков страв од одмазда. Како случајот со Џастин Сако (непознатата ПиАр директорка која објави глуп твит, па цел Твитер и се качи на врат), која е лесна шанса за илјадници луѓе да соберат поени за моралност," пишува Брајан Ресник во текстот за Вокс.
Психологот Џулијан Џордан од Јеил, објаснува:
"Интернетот е форум кој го зема веќе постојниот нагон за казнување, и го засилува, што во одредени случаи доведува до огромна колективна претерана реакција, бидејќи секој поединец сака да ја изрази својата перспектива.
Кога сето ова ќе го ставиш на куп, добиваш менталитет на толпа."