Луѓето што си заминаа се:
- Кевин Веил, сениор потпретседател на Твитер за производи
- Алекс Ротер, сениор потпретседател на Твитер за инженеринг
- Брајан Шипер, сениор потпретседател на Твитер за човечки ресурси
- Кејти Џејкобс Стантон, сениор потпретседателка на Твитер за глобални медиуми
- Џејсон Тоф, генерален менаџер на Вајн
До пополнувањето, шестмината што останаа во раководниот тим на Твитер ќе ги покриваат и испразнетите позиции.
Џек Дорси, ЦЕО-то и основач на компанијата, на Твитер напиша дека се надевал дека ќе има време на вработените да им ги објасни случувањата, меѓутоа заради актуелноста на информацијата меѓу медиумите, беше приморан да се објаснува во соопштение на Твитер каде напиша дека им се заблагодарува на сите за работата и трудот, и најави како привремено ќе бидат покриени ослободените позиции.
Кевин Веил го објави заминувањето порачувајќи дека слободното време ќе го троши со семејството и со трчање на долги патеки.
Според новинарката на Блумберг Сара Фрајер, Веил со месеци разговарал со неколку компании за инвестиции (за ризичен капитал) за можно вработување.
Алекс Ротер на Твитер напиша дека слободното време ќе го потроши за малку да одмори и да размисли што следно ќе прави.
Шипер се уште нема дадено изјава. Од петмината во егзил, најдетална околу своите планови беше Кејти Стантон, која најави фокусирање на четири проекти: да биде присутна во семејството; инвестициската група #Angels; помагање во еманципацијата на жените; и да и помогне на Хилари да стане претседателка.
Тоф, генералниот менаџер на Вајн, што е пониско од сениор нивото на претходните четворица, се враќа во Гугл, каде ќе работи на виртуелна реалност.
Меѓу најавите од медиумите е дека Твитер деновиве за свој директор ќе назначи "медиумска личност од висок профил."