Во целата работа најверојатно на децата не им е јасно од кај им толку пари на нивните родители за да можат да си ги дозволат сите луксузи што ги објавуваат на Инстаграм, додека во исто време на старите не им е јасно што тоа прават нивните деца на Инстаграм.
Ваквата комбинација доведе до тоа постовите во социјалните медиуми да се користат како докази во околу 75% од сите случаи на парничење. Според директорот на К2 интелеџенс од Лондон, Оисин Фуере, социјалните медиуми се станати "прва станица" во откривањето на однесувањето на мега-богатите.
Така, маж кој за време на еден судски процес за наплата на долг тврдел дека нема никаков значителен имот, е издаден од едно од своите деца кое на Инстаграм објавува фотографија од нивната 15 милиони евра вредна јахта.
Компанијата Бурфорд Капитал (во основа извршител), неодамна во еден случај со проневера на пари запленила нов приватен авион, откако 30-годишниот син на еден од измамниците на Инстаграм објавил фотографија од себе како стои со татко му пред новиот авион.
Во март годинава претходно банкротираниот Фифти Центс заврши на суд откако објави слика на која зборот "broke" беше испишан со купчиња од по 100 долари. Фифти на суд тврдеше дека парите се лажни.
Како дополнителна вредност, фотографиите објавени на социјалните медиуми во своите мета-податоци можат да ја содржат и локацијата на која тие се направени, што посебно помага ако нешто треба да се заплени.
Постовите на социјалните медиуми се искористени и во случајот против директорот на една пропадната руска банка, кој тврди дека не може да му се суди во Британија бидејќи тој живее во Русија. Градењето на случајот против него се базира на собирање на статусите на неговите деца од Фејсбук и Инстаграм, кои хронолошки покажале дека тој и неговото семејство постојано живеат и работат во Британија, со што земјата има јурисдикција над него.
На инстаграмот на децата паѓаат и неколку мажи кои во мултимилионски разводи тврдат дека немаат никаков имот и пари. Благодарејќи на фотографиите и мета-податоците во нив, адвокатите на сопругите успеваат да ги откријат локациите на кои се наоѓа скриениот имот, кој потоа се запленува и станува дел парите кои ќе се делат во разводот.