"Години од сега, сите ќе се сеќаваме кога прв пат сме чуле за директниот видео пренос од лубеницата. За мене, тоа беше твитот 'Зошто би гледал како некој и става ластици на лубеница?' Си помислив 'Ова звучи како досадно губење време.' Ама не можеше повеќе да грешам," пишува Јакоб Кастренакес во текстот за Верџ.
Сепак тој не верува дека некој што не го гледал ова во живо ќе може да ја сфати "монументалноста на преносот,":
"Бидејќи сега, веќе знаеш што ќе се случи со лубеницата која е обвиткана со ластик по ластик. Сега знаеш дека лубеницата нема само да се скрши, туку ќе експлодира. Знаеш колку точно ластици ти требаат за да го направиш тоа (мислам некаде околу 670, толку беше напнато што го изгубив редот). Лубеницата на Базфид го сплоти цел интернет. И сите ја доживеавме катарзата на крајот.
Марк Зукерберг минатата недела одржа еден благороден говор за тоа како тој веќе ги замислува граѓаните новинари како го користат Фејсбук Лајв за споделување на она што се случува низ светот. Не знам дали ова е тоа што тој си го замислувал ама мислам дека можеме да се согласиме дека ова е она што навистина го сакаме и заслужуваме.
via @SavedYouAClick