Cе мешаат мириси на турско кафе, свежо испечатена југословенска „Политика", на пита од вишни и битолски јогурт од пола кило во ќесичка. Денес е доста досаден работен поненделник, па можам да дувнам силно и да ја истерам прашината од мојата бавча и да ви кажам, генерацијо осумдести, све што секое лето веќе нема да имаме.